Околу 150.000 луѓе на улиците на Белград: Славија претесна за студентите што бараат промена
Околу 150.000 луѓе синоќа, на 22 октомври, ги исполнија плоштадот Славија и околните улици во Белград на завршниот предизборен собир на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, според процената на Архивот на јавни собири. Три дена пред парламентарните избори, студентите и кандидатите побараа поддршка за промена на власта и претставија дел







