Тетекс и Новаци со убедливи победи ја спасија честа на домаќините
Екипата на Тетекс конечно ја прекина серијата без победа откако на свој терен со 3:0 славеше над Осогово во меч од 10. коло на Втора фудбалска лига на Македонија. Тетовци еднаш погодија во првото полувреме, а победата ја потврдија со уште два гола во вториот дел. Домашниот терен го искористи и Новаци кој немаше милост во дуелот против Горно Коњари








