Македонија сè уште речиси и да не рециклира текстилен отпад
Македонија и натаму е далеку од одржлив систем за управување со текстилниот отпад, покажува анализа развиена во рамки на ЕУ проектот „Еко дијалог кон ЕУ“. Според објавените податоци, во Европската унија секој жител создава околу 15 килограми текстилен отпад годишно, од кои 38 проценти се реупотребуваат, 22 проценти се рециклираат, а значителен дел

