Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
Поради улични дефекти на водоводната мрежа, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од ул.„Македонско-косовска бригада“ и објектот на касарната Илинден, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.








