Овации за „Сестра, брат и шахта“ во Белград, „Добри луѓе“ ќе се прикаже во Торино; Манчевски со двата филма на два фестивала
Синоќа, на 32. „Фестивал на авторски филм“ (ФАФ) во Белград, филмот „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше европска премиера. Публиката дишеше со филмот, гласно реагираше на комичните и емотивни сцени, а на крајот ги поздрави режисерот Манчевски, актерите Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Ана Костовска и Марин Гавриловски, продуцентот Јане










