Супер-лигата продолжува со два натпревари!
Фото: Еурофарм Пелистер По паузата поради репрезентативните настапи, денеска продолжуваат натпреварите во Супер-лигата. Во рамките на 10. коло, за петок се закажани два натпревари. Пелистер на домашен терен ќе го пречека ГРК Тиквеш (17:30 часот). Овој натпревар доаѓа по поразот на битолчани од Вардар во вечното дерби. Пелистер има скор од седум победи,

