Тато, јас премногу го сакав. Зошто си отиде? Зар друго девојче повеќе ќе го сака од мене?
Татко и и’ подаде еден голем балон со ликот на едноокиот минион. Теона потскокна од радост, бидејќи многу ги сакаше минионите. Си играше со него но во еден момент несакајќи го испушти и тој полета нагоре. Не и ни мафна со рака. Не ја ни погледна. Таа почна тажно да липа. Татко и ја тешеше дека ќе и купи друг балон. Ист таков. Но Теона го сакаше баш

