Мечка нападнала Жител од Курбиново додека собирал печурки
Жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки. Според СВР Битола, на 16 јули во 19:50 часот било пријавено дека 41-годишниот Н. И. од Курбиново бил нападнат од дивото животно. По нападот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош. Засега нема повеќе детали за тежината на повредите








