Претпладне сончево, попладне дожд и ветер
Во земјава ќе преовладува претпладне сончево време со мала до умерена облачност, a од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од осум до 15, а максималните ќе достигнат од 20 до 27