Осимен реши да остане во Истанбул
Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај. Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги.