Ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се враќаат еден час назад
Зимското сметање на времето почнува ноќеска, кога стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Во 3 часот по полноќ, времето ќе се врати на 2 часот, со што граѓаните ќе добијат еден час повеќе за спиење. Промената се врши во согласност со правилата за сезонско сметање на времето, а истата практика ја применуваат и повеќето европски земји








