Агенцијата за филм ќе даде 100 илјади евра за оскаровската кампања на „Силјан“ на Котевска
Агенцијата за филм на Македонија издвои 100 илјади евра за кампањата за Оскар за документарниот филм „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, кажа денеска в. д. директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски. „Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a во септември „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic









