„Амадеус“ на Александар Поповски, монодрама посветена на Пандур, стендап на Ѓуричко… за 81. роденден на МНТ
Со стендап-настап на познатиот актер Никола Ѓуричко, две претстави на Словенечко народно гледалишче од Марибор, како и на Црногорското народно позориште од Подгорица, Македонскиот народен театар ќе го одбележи 81. роденден. Овие гостувања ќе следуваат по изведбата на „Сонцето, колку е блиску?“ на Дејан Пројковски, во кој во фокус беа важните актери









