Во Филхармонијата гостува ансамблот „Театро а ла мода“
Членовите на овој ансамбл доаѓаат од четири различни културни средини, но својот обединет музички јазик го пронашле во Холандија, за време на студиите на Кралскиот конзерваториум во Хаг Ансамблот „Театро а ла мода“, составен од музичари што живеат и работат во Холандија, в четврток, со почеток во 20 часот, ќе настапи во Камерната сала на Филхармонијата










