Силен земјотрес во Грција; „Лежалките се тресеа додека бевме на нив“
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денес. Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри. Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени







