Доцна се открива ракот на дојка кај 80 отсто од пациентките, скринингот не дава резултати оти има мал опфат, вели Државниот ревизор
Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8 отсто до 5,4 отсто, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3 отсто до 15,5 отсто од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг. Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, вели










