ПСЖ го победи Сиетл и избори осминафинале, Атлетико испадна од Светското клупско првенство
Европскиот првак Пари Сен Жермен го оствари вториот триумф во групната фаза на Светското клупско првенство совладувајќи го Сиетл саундерс со 2-0. Квича Кварацхелија во 35-тата минута донесе предност за Светците, а Ашраф Хакими во 67-та минута го потврди триумфот. Атлетико Мадрид го победи Ботафого со 1-0, со голот на Антоан Гризман во 87-та минута
Мусовски и Сиетл немоќни против ПСЖ, Атлетико со фото финиш победа
Македонскиот интернационалец, Дени Мусовски за својот тим Сиетл, одигра скоро едно полувреме во дуелот против актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите тимот на ПСЖ во рамките на Светското клупско првенство, но за жал не успеа да му помогне на својот тим да дојде до поволен резултат. Најдобриот европски клуб во моментов обезбеди триумф од 2:0, преку