притисни ентер »

Галевски во свој стил ја замолкна салата Боро Чурлевски
Галевски во свој стил ја замолкна салата Боро Чурлевски

Галевски во свој стил ја замолкна салата Боро Чурлевски

Еурофарм Пелистер прокоцка победа против Алкалоид во натпревар на кој имаше +7. Човек на одлука, младиот Иван Галевски кој повторно како лани во финалето од Купот на Македонија, излезе јунак со одбранет пенал во финишот од средбата. Прво ги издржа провокациите од Хосни, а потоа и му го фати ударот за конечни 26:26. И првиот дуел одигран во Автокоманда

Хосни проба да го испровоцира, Галевски го имаше најдобриот одговор

Хосни проба да го испровоцира, Галевски го имаше најдобриот одговор

Ретко кој се надеваше дека Алкалоид после негативата од седум гола ќе успее да се врати и да се избори за бод како планина против Пелистер. Момците на Кирил Лазаров одиграа неверојатен меч, се издигнаа како Феникс, а на крилата на Иван Галевски во преполната сала „Боро Чурлевски“ си заминаа со реми (26-26). Во самиот финиш Пешевски се избори за седум