Мекиќ се приклучи и порача: Подготвен сум, знам што се очекува од нас
Фото: КФСМ Уште една позитивна вест за стручниот стожер на нашата машка сениорска репрезентација. Адем Мекиќ од денеска му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски. Изутрината, искусното репрезентативно крило ги „помина“ лекарските прегледи во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, допатува во Гевгелија, и веднаш „влезе“ во тренажниот процес