Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет, која е бранителка на еден од обвинетите
Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за утре, се одлага по барање на бранителката на еден од обвинетите, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Барањето, како што информираат од Кривичниот суд, е од причина што во текот на вчерашниот ден бранителката е избрана










