Почна седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм
Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вчера вечер се одржа свеченото отворање на седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, кое оваа година се одржува во знакот на 75 години постоење на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Настанот на едно место обедини филмски уметници,