Над 1,8 милиони евра за модерна инфраструктура во Чаир
Во Општина Чаир се реализира проект за унапредување на локалната инфраструктура, во вкупна вредност од над 1,8 милиони евра. Како дел од проектот се асфалтирање на улицата „Дижонска“, изградба на 180 метри фекална канализација, како и подготовки за поставување нова водоводна мрежа, која ќе обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за 35 домаќинства