Без утврдена штета и без загадување, „Мазут“ повторно во истрага: Кој е мотивот за одлуката на Вишото ЈО
Случајот „Мазут“ повторно е отворен, но клучното прашање останува исто: што точно се промени во доказите откако ОЈО ГОКК ја запре истрагата? Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД ЕСМ и му наложи на ОЈО ГОКК да ја продолжи постапката. Како причина се наведуваат слабости во вештачењата и потреба од дополнително прибирање податоци










