Во Куќата на Робевци отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“
Охрид, 6. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Куќата на Робевци во Охрид, вечерва беше отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид. – Реткоста на оваа изложба е во тоа што со својот уметнички раскош ни се претставуваат татко и син, значи две генерации кои се исти во


