Се запали автобус на автопатот Велес-Скопје
Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил попладнево на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица Отовица. -Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот се упатени екипи на ТППЕ и полициски службеници од ПС за БПС Велес, велат од МВР. Сообраќајот на овој патен правец е во прекин.




