„Безбеден град“ вчера регистрирал 526 прекршоци, првпат ниеден за минување на црвено светло
Системот Безбеден град вчера регистрирал вкупно 526 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. За првпат откако е во функција не е евидентиран ниеден прекршок за минување на црвено светло. Најголем дел од прекршоците, 504, се однесува на управување возило со брзина поголема од дозволената. Регистрирани се и 22 прекршока за возење










