Мицкоски: Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, очекуваме голем напредок во значајни области
Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, со оваа администрација, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „што очекува од стратешкиот дијалог во САД каде има денес македонска делегација“. Нашата делегација таму ја предводи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а од другата страна










