Ѓукановиќ тврди дека никогаш немал директна ниту индиректна комуникација со Епстин
Мило Ѓукановиќ се појавува во преписка меѓу Епстин и словачкиот дипломат Мирослав Лајчак, кој неодамна поднесе оставка од функцијата советник на премиерот Роберт Фицо. Во истите документи се споменува и поранешниот црногорски амбасадор во САД, Миодраг Влаховиќ, кој во електронска пошта од 2009 година е наведен како клучен деловен контакт за можни инвестиции








