Ѓорѓиевски потпиша договор со министерот Лимани за опремување на првата градинка во Потстаница
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и неговиот заменик Ѓоко Велковски. Целта на средбата, како што извести Општината, беше потпишувањето на договорот за опремување на новата градинка во населбата Потстаница, чија изведба е во завршна фаза. Ова ќе биде првата детска градинка