Македонија има нов европски шампион: Илиоски ја „запечати“ титулата во Молдавија!
Македонскиот мотокрос натпреварувач, Христијан Илиоски, е европски шампион на БМУ во класата MX1 за 2026 година. Тој ја обезбеди титулата две рунди пред крајот на сезоната, откако на седмата рунда во Унгени, Молдавија, забележа две убедливи победи. Илиоски беше неприкосновен на патеката и во двете трки стигна до првото место, освојувајќи максимални





