„Нема рај ако те убие жена“ е најдобар филм на Скопје филм фестивал. На градот во убаво светло му се врати фестивалот што му недостигаше
Филмот „Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа ја освои наградата за најдобар филм на 26. Скопје филм фестивал. Режисерот Габор Холтаи е награден за најдобра режија за филмот „Чувство на дом“, а „Тивки ноќи“ на Лоренс Фахардо доби специјално признание. Фестивалскиот совет додели и специјална награда за „Отфрлен“ на Винсент Гарено. Фестивалот









