Пано со 63 насмеани лица пред толпата во црнина
Пано со 63 фотографии на млади, насмеани лица ја предводеше толпата од луѓе во црнина која вчера поминуваше низ улиците на Скопје. Луѓе со души завиени во црнина кои цврсто на градите ги стискаа сликите на своите најмили кои загинаа кобната вечер во пожарот во Кочани, а неколкумина подоцна им подлегнаа на повредите. Ова беше 30. „Марш за ангелите“

