Наколната населба во Дојранското Езеро, стара 3300 години, повторно ќе оживее како музеј на вода
– Постои силна основа и оправданост за музеј на отворено во водите на Дојранското Езеро, базирана на остатоците од праисториската наколна населба Мрдаја, од доцното бронзено време (1300 – 1150 година пр. н. е.). Овој музеј, поставен во водите на Дојранското Езеро и, делумно, на езерскиот брег, нуди единствена можност за презентација на животот во праисторијата,

