Почина поранешен градоначалник од редовите на СДСМ
На 55годишна возраст утрово почина Горан Крстев со прекар Грга. Беше поранешен градоначалник на општина Чешиново-Облешево (2017-2021) од редовите на СДСМ. Според локалните медиуми, Крстев извесен период престојувал во Турција каде се лекувал. На социјалните мрежи сограѓани и членови на СДСМ се збогуваат со Крстев.



