Фотографии од режисерот на документарниот филм „Меланија“ во новообјавените документи за Епстин: Седнат на кауч со сексуалниот престапник и две непознати млади жени
Холивускиот режисер Брет Ратнер, кој неодамна го режираше филмот „Меланија“, се појави во најновото издание на таканаречените документи за Епстин од страна на Министерството за правда на САД (DOJ). Документите вклучуваат фотографија од него како седи на кауч и прегрнува непозната жена, објави „Би-би-си“. Режисерот на серијата „Шпиц“ седи на кауч, облечен




