Ердоган: Не смее да му се дозволи на Израел да го прекрши примирјето во Газа
-Израел, особено премиерот Бенјамин Нетанјаху, има значајно досие за прекршување на примирјето, ова не смее да се дозволи овој пат во Газа. И покрај 467 дена геноцид и масакр, Израел не успеа да ја скрши волјата на отпорот на нашите браќа и сестри во Газа, рече тој на конгресот на неговата партија во Адана, југоисточна Турција, пренесува Анадолија