Фабрегас: Ќе биде тешко во Битола, ама сакаме победа за повредениот Елдера!
Ракометарите на Веспрем доаѓаат во Битола со серија од девет победи во низа и желба да го совладаат Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. Во пресрет на гостувањето в четврток своите очекувања ги изнесе Лудовик Фабрегас. Искусниот Французин призна дека нема да биде лесно, меѓутоа најави дека Унгарците ќе играат за Јехиа Елдера кој ја заврши сезоната