Работнички против МЗТ Скопје во епизодата 169!
Десеттото коло во Супер лигата ќе мине во знакот на вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, меч кој стартува во 18 часот во СРЦ „Кале“. Двата тима ќе се сретнат по 169. пат низ историјата. Во меѓусебните пресметки подобар е тимот од „Градски парк“, кој има скор од 92 победи и 76 порази. Но, со текот на годините, бранителот на титулата доминира

