Захарова: Контактите меѓу Русија и САД се обновуваат
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека контактите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави се обновуваат, откако беа речиси целосно прекинати претходната година. Според неа, иако овој процес не е лесен, тој се одвива во неколку насоки, особено преку подобрување на работата на амбасадите и дипломатските