Почна изградбата на фекална канализација за дел од Миладиновци
Деновиве почна изградбата на фекална канализација за дел од населено место Миладиновци, во општина Илинден. Проектот предвидува изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци во должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со веќе постојна пречистителна станица. Со тоа, ќе се овозможи собирање, одведување и третман на отпадните


