Бугарија го претстави нападот врз Арсовска како напад врз „бугарска државјанка“ и бара извинување од Мицкоски
Дипломатските тензии меѓу Македонија и Бугарија денеска достигнаа нова, уште повисока точка, по две координирани реакции од Софија. Бугарските политичари реагираа и на физичкиот напад врз скопската градоначалничка Данела Арсовска, и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, со што дополнително ги влошија и онака кревките односи меѓу двете земји