Мареска: Кога бевме 11 на 11 на теренот, бевме многу подобри од Арсенал
Челзи покажа дека може да му биде рамноправен на Арсенал дури и во ситуација кога Сините беа со играч помалку на теренот. Лондонското дерби кое се играше вчера, заврши 1:1, а Челзи од 38-мата минута беше со фудбалер помалку по исклучувањето на Каиседо. Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, е задоволен од тоа како реагираа неговите фудбалери на дербито.










