Италијанецот Лука Пармитано ќе биде првиот европски астронаут во програмата Artemis на НАСА
Италијанскиот астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата Artemis на НАСА, објави шефот на американската вселенска агенција НАСА, Џаред Исакман. Пармитано (49) ќе биде еден од четворицата астронаути на мисијата Artemis III, рече Исакман. Лансирањето се очекува во 2027 година










