Младите кошаркари го оправдаа ваучерот од 2.000 евра за цела година…го сомлеа Гостивар во Прилеп
Младинската екипа на прилепски Мега Баскет, која се натпреварува во Втората кошаркарска младинска лига Запад, го декласираше Гостивар во салата во ООУ “Добре Јованоски”. Пред својата публика прилепските надежи славеа со 85-61 и одново докажаа со каков талент и иднина располага Прилеп, и колку е потребно бизнис секторот и властите во градот да ги поддржат

