Возите електричен тротинет? Од денес следуваат построги казни и нови ограничувања
Од денес официјално стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Според новите одредби, електричен тротинет ќе можат да управуваат само лица кои наполниле 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. Законот пропишува максимална










