Среќа е што во Битола остана публика која слуша квалитетна музика, рекоа музичарите од „Леб и сол“ на концертот во Хераклеја
Со настап на легендарниот македонски бенд „Леб и сол“, во чиј актуелен состав се басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, тапанарот Михаил Парушев и гитаристот Димитар Божиков, синоќа во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, беше отворено 17. издание на Битолското културно лето „Битфест“. Со концертот бендот во Битола одбележа