СТРАВИЧНИ СВЕДОШТВА ОД ЈАНКОМИР: „Гола жена ја врзале за кревет и ја оставиле сите да ја гледаат“
Нови вознемирувачки сведоштва за постапувањето со пациенти во психијатриската болница „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир излегоа во јавноста по трагичната смрт на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш. Неколку поранешни пациенти и членови на нивните семејства за хрватски „Индекс“ раскажале за наводни случаи на понижување, несоодветно физичко







