Памела Андерсон без шминка и храбра фризура на Мет Гала
Актерката Памела Андерсон, поранешна ѕвезда од популарната серија „Чувари на плажата“, беше една од познатите личности кои присуствуваа на овогодинешната Мет Гала. Таа беше во друштво на нејзиниот син Брендон Томас Ли (28). Андерсон прошета по црвениот тепих во сив фустан украсен со кристали, но токму нејзината фризура привлече најголемо внимание.