Сојузникот на Додик, Синиша Каран, победник на претседателските избори во Република Српска
Синиша Каран од владејачката партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) е прелиминарниот победник на предвремените претседателски избори во Република Српска, српскиот ентитет во Босна и Херцеговина. Според резултатите на Централната изборна комисија, Каран освоил 200.116 гласови (50,85%), победувајќи го опозицискиот кандидат Бранко Блануша








