Ѓорѓиевски најавува тендер за БРТ во 2026, проектот ќе биде проширен
Тендерската постапка за системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје ќе биде распишана во втората половина од 2026 година, а реализацијата на терен се очекува во 2027 година, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, по тримесечна постапка е одблокиран процесот со Европската банка за обнова и развој



